Свет
8. May 2016 - 12:01

Рохани: Извозот на иранска нафта набрзо ќе го достигна нивото од пред санкциите

Извозот на иранска нафта набрзо ќе го достигне нивото од пред санкциите, изјави претседателот Хасан Рохани на конференцијата на која учествуваат пратеници од новоизбраното Исламско консултативно собрание (еднодомен Парламент), пренесе ТАСС.

Според Рохани, набрзо ќе бидат делумно решени и проблемите со меѓународните банкарски пласмани.

До воведувањето на меѓународните санкции за иранскиот нафтен сектор, во 2012 година, максималниот дневен извоз на нафта од Иран изнесуваше 2,5 милиона барели. По воведувањето на санкциите земјата не можеше да ја надмине извозната квота од милион барели на ден.