Свет
11. January 2016 - 18:31

Рогозин: Русија ќе го разгледа барањето на Србија за купување на оружје

Рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин денеска во Белград изјави дека Русија ќе ги разгледа техничките детали на барањето на Србија за купување на оружје и системи за противвоздушна одбрана С-300 од Русија.

- Ќе обезбедиме директна поддршка на сојузникот на Балканот. Најбрзо ќе ги разгледаме барањата, истакна Рогозин на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ.

Рогозин одби да соопшти детали за зделката додека траат преговорите.

Тој додаде дека Русија не се меша во безбедносните прашања на Србија и оти земјата има право да купува високоефикасно одбранбено оружје.

- Како Србиија ја оценува безбедносната состојба, тоа е нејзина работа, ние ги разгледуваме техничките детали, посочи Рогозин.

Вучиќ наведе дека Србија не планира да ги нарушува односите со традиционалните руски пријатели и да воведува санкции кон Москва.