Живот
27. јуни 2017 - 11:38

Родители - монструми фрлиле бебе во контејнер, просјак го нашол и му го спасил животот

Човек кој собирал ѓубре од контејнери во Кина, го здогледал бебето, кое една кинеска двојка го фрлила, го однел во болница и така му го спасил животот, пишува лондонски „Сан“.

Лекарите подоцна успеале да им влезат во трага на родителите, кои го фрлиле бебето зошто тежело само 1,5 килограми и била предвремено родено.

Тие изјавиле дека бебето го фрлиле зошто мислеле дека не е зфдраво, меѓутоа лекарите со прегледот утврдиле дека бебето е во одлична здравствена состојба.

Родителите изјавиле дека не рамислиле добро пред да го фрлат бебето и во полиција ветија дека навистина добро ќе се грижат за своето новороденче.