Роден е новиот Тесла, дете направи уред кој го фрапираше светот
Јавноста детето го споредува со големиот визионер Никола Теска и го нарекува негов наследник.
-Звучи излитено, но од првиот ден знаев дека сум на оваа планета со причина, вели Макс Логан, 13-годишно дете кое конструираше уред кој создава бесплатна енергија.
Неговиот изум потсетува на калемите на Тесла и работи по истиот принцип што овој научник одамна го опиша. Она што посебно го истакнува овој уред е фактот дека е многу едноставен - ја собира електромагнетната енергија од Земјината атмосфера и ја претвора во струја која може да служи за напојување на електрични уреди.
Макс овој изум го осмисли во работилницата на неговиот татко кој ја претвори во лабораторија, со материјали кои ги купил за само 15 долари и докажа дека неговиот уред може да напојува ЛЕД светла и тоа го демонстрираше во видеото подолу.
Детето од конзерва за кафе, жици, два калеми и лажици создаде електромагнетен собирач на енергија кој може да индуцира радиобранови, термална и статичка енергија и сето тоа да го претвори во употреблива електрична енергија.
-Оваа лажица ја зема енергијата од воздухот и внатре во конзервата за кафе таа струја може да се претвори во наизменична или еднонасочна, објаснува малиот генијалец.
На Макс му е многу чудно што некои од пронајдоците на Тесла им требало долги 75 години да стигнат до медиумите.
-Мојата цел беше да му помогнам на светот. Сакам да изградам иднина во која сите луѓе ќе бидат среќни и сигурни, вели Макс.
Ново на Сител
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори