Тенис
18. јуни 2017 - 9:16

Робредо: Рафа и Роже се далеку пред сите тенисери

Шпанскиот тенисер Томи Робредо некогаш пети на АТП листата ги издвои Роџер Федерер и Рафаел Надал пред сите останати играчи.
 
Робредо истакнал дека не постои „голема четворка“ на светскиот тенис, туку дека Швајцарецот и Шпанецот се посебна група.
 
„Нема „голема четврорка“, во прашање се само двајца, бидејќи според мене Федерер и Надал се наедно друго ниво. Кога зборувате за нив, тоа е како да зворувате за друга димензија. Рафа 10пати ги освоил Ролан Гарос, Монте Карло и Барселона, тоа е застрашувачки. Федерер не игра шест месеци, а неговата опрема е најпродавана. Тие двајца се чудовишта“, рекол Робредо.
 
Според него, Надал со своите достигнувања е далеку пред Ѓоковиќ и Мареј.
 
„Иако е Мареј број 1 и е феномен, Надал е икона на овој спорт поради се што постигнал – годините поминати на врвот, Гренд слем титулите, Мастерс трофејите, медиумската популарност…Доколку го споредите со Новак Ѓоковиќ, кој исто така беше прв на АТП листата, Надал е светлосни години пред него. Тоа е мое мислење“, рекол Робредо.