Фудбал
16. January 2017 - 16:11

Робен останува во Минхен

Фудбалерот на Баерн Минхен, Арјен Робен во понеделникот го продолжи договорот со германскиот клуб на уште една година, пренесуваат светските агенции.
 
Од Баерн соопштиле дека договорот со холандскиот фудбалер е продолжен до јуни 2018-та година. Робен е скоро осум години фудбалер на Баерн, каде дојде во трансфер од шпанскиот клуб Реал Мадрид во 2009-та година.
 
Робен досега има постигнато 82 гола во 152 првенствени натпревари за Баерн, 14 голови во 23 натпревари во германскиот куп и 21 гол во 53 меча во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и победоносниот гол против Борусија Дортмунд во финалето од 2013-та година.