Македонија
27. October 2016 - 18:46

Ристовски во посета на Гостивар

Во општина Гостивар денеска на средба со граѓани беше заменик-министерот за образование и член на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски.

- Како Влада реализиравме голем број проекти, но ни останаа и голем број коишто треба да се реализираат во следниот период, а кои се  потребни за граѓаните на општина Гостивар, изјави Ристовски.

Реализација на инвестиции и реални проекти, посочи Ристовски, се основната желба на секој граѓанин во Македонија.

- ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажа и докажа во многу наврати на многу места и со голем број проекти дека е политичка партија која држи до дадениот збор, политичка партија која што кога ќе понуди извесни проекти или програма целокупното свое залагање на еден начин го фокусира да бидат успешно реализирани овие проекти, рече Ристовски.

Истакна дека очекува граѓаните масовно да излезат на изборите на 11 декември и, како што рече, да стават крај на креираната деструкција од СДСМ, а да се продолжи со масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во развојот на Македонија и во градењето во секој град и во село онака како што најмногу им треба на граѓаните. - ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата обврска тоа да го реализира на тој начин, рече Ристовски.