Ристовски: Три капитални инвестиции за унапредување на студентскиот стандард во делот на сместување
Три капитални инвестиции ќе бидат реализирани во текот на 2017 година како дел од Владините планови и активности за унапредување на студентскиот стандард во делот на подобрување на условите за сместување и домување во државните студентски домови.
Првата инвестиција се однесува на етапна реконструкција на студентскиот дом ,,Гоце Делчев,, во Скопје, каде досега целосно е реконструиран блокот Б, а во блокот А се завршени градежните активности. Следната фаза предвидува предвидува реконструкција на блоковите В и Г за што веќе е објавен тендер.
Втората инвестиција е опремување со нов мебел на сите 10 државни студентски домови, за што ќе бидат издвоени 100 милиони денари.
Третата инвестиција е набавка на перални и сушални во студентските домови.
Усвоена е и одлуката за изградба на три нови студентски домови, два во Скопје и еден во Тетово, кои наскоро треба да започнат да се градат.
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар