Спорт плус
13. August 2015 - 23:30

Ристоски: Ова е голема ноќ за нас

Голема победа постигнаа македонските одбојкари во полуфиналето од Европската лига совладана беше Естонија со 3:0.

Селекторот Жарко Ристоски по дуелот истакна:

  • Ова е голема ноќ за нас. Од натпревар во натпревар игравме се подобро и тимот заслужи да игра во финалето. Сакам да им честитам на сите играчи. Тие ветија дека ќе се борат за секој поен и тоа го направија. Лани игравме полуфинале, сега сме во финалето и ова е најголем успех за македонската одбојка. Ветуваме дека нема да застанеме тука. Утре е нов ден и нов предизвик за нас.

Честитки стигнаа и од противничкиот табор.

  • Македонскиот тим ја заслужи победата. Од самиот почеток на натпреварот тие покажаа карактер и во оние моменти тие покажаа верба во себе и дека се силни како тим. Ние треба да се разбере дека кога ќе излеземе мора да бидеме како тим, а не како група на поединци, изјави селекторот на Естонија Георге Карету.

Капитенот на Естонија Керт Тобал изјави:

  • Честитки Македонија. Вечерва тие покажаа што значи да се биде тим и тоа како еден тим треба да игра, без разлика кој е на противникот. На крајот и двете екипи беа изедначени и неколку топки беа решавачки. Тоа е причината зошто еден е победник, а другата е губитник.

 

Македонија утре од 20 часот го игра финалето против Словенија.