-->
-->
„Рисовите“ вечерва против Израел
-->
Вечерва во 20.45ч Македонија го игра 4. дуел со селекцијата на Израел во својата историја.
Селекција против која имаме три порази но затоа пак секоја традиција има свој крај.
Пулените на селекторот Ангеловски се убедени дека токму против Израел ќе ја израдуваат нашата јавност со нов успех.
Израел е технички добра и брза репрезентација која во последните години не бележи некои добри резултати. Во моментов е на 98. место на ФИФА ранг листата кое е најслабо за оваа селекција, но многу подобро од нашиот ранкинг.
Македонија и Израел досега имаат три меѓусебни дуели, сите три ги имаат добиено Израелците со победи од еден гол разлика.
Дел од македонските репрезентативци играат во добра форма, особено Алиоски и Несторовски кој сигурно веќе заслужува да се најде во стартната постава.
Игор Ангеловски нема да може да смета на стандардниот дефанзивец Ванче Шиков кој има повреда на скочниот зглоб, неговиот настап е неизвесен и против Италија. Поради повреди во составот на се Агим Ибраими и Александар Трајковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година