Фудбал
25. March 2017 - 22:00

„Рисовите“ се вратија во Скопје

Експедицијата со фудбалската репрезентација на Македонија, раководството на ФФМ и новинарите вечерва слета во Скопје по одложувањето на летот на релација Цирих-Скопје поради технички проблеми со авионот  со кој требаше да пристигнат околу 14ч попладне. 

Сепак по брзата реакција на ФФМ и ТА Гуливер беше обезбеден нов авион од Адриа Ервејз кој безбедно ги транспортира репрезентативците кои остварија прва квалификациска победа во Вадуц од 3-0 против домашниот Лихтенштајн. 
В недела А-тимот ќе одржи тренинг во 17ч на Тренинг центарот Петар Милошевски а во вторник го играме пријателскиот дуел со Белорусија на Филип Втори со почеток во 18ч (Пренос ТВ Сител 3)