Фудбал
17. October 2017 - 14:38

„Рисовите“ се враќаат во Скопје

Македонија ги заврши квалификациите за Мундијалот но сепак останува да ја заокружи успешната 2017 година со  пријателски дуел. 
 
Селекцијата на Норвешка на 11. ноември ќе гостува во Скопје. Викиншката есен во нашиот главен град ќе продолжи на 2. декември кога норвешкиот првак Розенборг ќе му гостува на Вардар, во меч од последното коло во Л групата во Европа Лигата.
Фудбалската федерација на Македонија денеска потврди дека Норвежаните ќе ни дојдат на мегдан на 11. следниот месец. И нашата репрезентација по пауза од 5 месеци ќе игра во Скопје, откако последните два квалификациски дуели со Албанија и Лихтенштајн ги игравме во Струмица. Последен гостин на „Филип Втори" арената ни беше Шпанија на 11. јуни и не победи со 2:1.