Македонија
21. September 2017 - 9:34

Рисима Рисимкин учествува на „Silk road festival" во Кина

Профеорката по современ танц Рисима Рисимкин од 20-ти до 24 септември присуствува на фестивалот „Silk road festival" во Сиан, Кина, каде што е поканета како член на жири на платформата за современ танц.

Платформата е дел од програмата на фестивалот кој има богата програма со повеќе уметнички категории - музика, танц и визуелни уметности, со гости од целиот свет.

Платформата за современ танц се одржува првпат и вклучува млади кореографи од цела Кина, кои се занимаваат  со современ танц.

Рисима Рисимкин во рамките на фестивалот одржа мастерклас во новоотворениот Арт центар во Сиан и ја презентираше современата танцова сцена во Македонија.

На фестивалската програма беше изведена и претставата „Колевка“ - прва продукција во рамки на иницијативата „16+1“ меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Нашиот „Танц фест“ е дел од европските фестивали кои ја поддржаа оваа продукција и која беше изведена на фестивалот во април, на сцената на Народниот театар „Џинот“ во Велес.