Спорт плус
20. August 2016 - 11:21

Рио 2016: Болт ја предводеше Јамајка до ново злато во штафета

Јусеин Болт го освои третото злато на Олимписките игриво Рио, откако штафетата на Јамајка ноќеска победи во трката на 4х100 метри.
 
Тој заедно со Асафа Пауел, Јохан Блејк и Никел Ашмеда истрчаа време 37,27 секунди доволно за највисоко место на победничкиот подиум.
 
Изненади Јапонија со освојување на второ место (37:60) трети беа спринтерите на Канада, а Американците добија дисквалификација. 
 
Болт претходно беше најбрз и на трките на 100 и 200 метри.
 
Ова е деветто олимписко злато за Болт по што се изедначи Американец Карл Луис, кој исто така има освоено девет најсјајни одличија на Игрите.
 
Синоќа се одржаа уште четири финалиња во атлетските дисциплини.
 
На 4х100 метри во женска конкуренција победија САД, пред Јамајка и Велика Британија.
 
Во фрлање кладиво Дилшод Назаров од Таџикистан го освои златото, Иавн Чикан од Белорусија беше втор, а бронзата отиде кај Војчик Новицки од Полска.
 
На трката на 5.000 метри најбрза беше Вивијан Чериот од Кенија, пред сонародничката Хелен Обири и Алмаз Ајана од Етиопија.
 
Во скок со стап најдобар резултат оствари Екатерини Стефаниди од Грција 4.85 метри, пред Сенди Морис од САД 4.85 и Елејза Мекартни од Нов Зеланд 4.80 метри.