Рим бара подобра соработка помеѓу европските и западноафриканските разузнавачи
Италија предлага подобра соработка помеѓу европските и западноафриканските разузнавачки агенции, со цел размена на информации за евентуални терористички закани, изјави шефот на италијанската дипломатија Анџелино Алфано во Барселона.
Тој во Барселона им оддаде почит на жртвите во нападот, меѓу кои има тројца италијански државјани.
Италијанскиот министер за надворешни работи истакна дека неговата земја до сега била поштедена од напади какви што се случија во Франција, во Велика Британија, во Германија и сега во Шпанија, за што се заслужни италијанските разузнавачки служби.
Тој потенцира дека Италија сака да ги сподели информациите со другите медитерански земји.
Алфано додаде дека предупредувањето од опасност е подигнато многу високо и оти ќе остане на тоа ниво.
Ново на Сител
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров