Џет-Сет
27. July 2017 - 12:12

Ријана најави големо изненадување за во септември

Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската палата, каде што беше примена од францускиот претседател Емануел Макрон, при што разговараа за нејзините хуманитарни активности во областа на образованието.

- Се насочивме на образованието од глобален аспект и ќе имаме прилично голема објава во септември, изјави Ријана по состанокот.

Пејачката од Барбадос во 2012 година ја основа непрофитната фондација „Клара Лајонел“, која промовира проекти за стипендии низ целиот свет.

Францускиот претседател пред извесно време се сретна и со пејачот на ирската група „Ју-Ту", филантропот Боно Вокс, со кого разговараше за намалување на сиромаштијата.