Свет
28. July 2017 - 9:23

Ричард Бренсон продава 31 отсто од своите акции во „Вирџин атлантик“

Британскиот милијардер Ричард Бренсон ќе продаде 31 отсто од своите акции во авио-компанијата „Вирџин атлантик“ на француско-холандската компанија „Ер Франс КЛМ“ за 220 милиони фунти (околу 246 милиони евра), соопшти неговата корпорација „Вирџин груп“. 

Бренсон досега имаше 51 отсто од акциите во „Вирџин атлантик“, а американската компанија „Делта ерлајнс“ ќе ги задржи своите 49 отсто од акциите.

Истовремено, авио-компаниите „Делта ерлајнс“ и „Чајна истерн ерлајнс“ ќе купат по десет отсто од акциите на компанијата „Ер Франс-КЛМ“, што за 751 милион евра ќе го зголеми нејзиниот капитал. 

„Вирџин атлантик“ и „Ер Франс-КЛМ“ соопштија дека тие чекори се дел од нивното пошироко партнерство и оти со тоа ќе ги зајакнат стратешките, деловните и финансиските врски. 

Тие две авио-компании дневно имаат повеќе од 300 летови преку Атлантскиот Океан.