Тенис
29. May 2017 - 17:33

РГ: Победа за Ѓоковиќ на стартот од турнирот

Актуелниот шампион на Ролан Гарос и втор тенисер на светот Новак Ѓоковиќ постигна победа од 3-0 во сетови во мечот од првото коло на Грен слем турнирот во Париз. Тој беше подобар од Марсел Гранољерс. Во второто коло тој ќе игра со Жоао Соуса, кој со 3-1 во сетови го совлада Јанко Типсаревиќ.
Од фаворитите кои досега се појавија на теренот на вториот ден од турнирот максимални победи од 3-0 во сетови постигнаа: Рафаел Надал против Бено Пер, потоа Милош Раониќ против Стив Дарцис и Давид Гофан го совлада Пол Матју.