-->
-->
РФМ ја исплати наградата за пласманот на ЕП во Хрватска
-->
По претходно донесена одлука на Управниот одбор, денескаРакометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Европското Првенство во Хрватска 2018.
Македонија го освои првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Чешка, Исланд и Украина, со што се најде во вториот шешир за извлекувањето на групите за континенталниот собир.
Ова ќе биде петто учество на македонските машки сениори на европските првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016) и вкупно десетто учество заедно со Светските Првенства.
На ЕП во Хрватска што ќе се игра во јануари 2018 година, Македонската машка сениорска репрезентација ќе се натпреварува во групата Ц, со Германија, Црна Гора и Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море