Македонија
21. November 2017 - 20:22

Резултати од неодамнешното труење на децата во истокот од земјава

Откриена причината за труењето на 6-те ученици и две возрасни лица од Делчево. Микробиолошките анализи на земените мостри и од храна и брисеви од објектот на сендвичарата „Кинг“ каде се продава гиро, ги потврдија сомневањата на лекарите дека се работи за стафилококно труење.

- Испитаниот примерок на храна, како и брисевите не одговараат на микробиолoшката исправност на храната, поради присуство на ентеропатогени бактерии од родот на стафилокус коагулаза позитивен и кои што лачат ентеро токсини кои предизвикуваат гастро интестинални заболувања кај луѓето и присуство на ентеропатогени бактерии од родот ентеробактеријаце, кои што претставуваат знак за загадување од фекално потекло-изјави Магдалена Манасиева, директор на Центар за јавно здравје-Кочани.

Присуството на овие бактерии се должи на несоодветната хигиена во објектот и на вработениот персонал, односно храната се чува во неадекватни и неисправни услови. Затруените ученици поради тешката клиничка слика беа хоспитализирани во штипската клиничка болница, но подоцна беа пуштени на домашно лекување. Сендвичарата е времено затворена од државен санитарен и здравствен инспекторат.