Спорт плус
14. January 2018 - 11:21

Резултати од македонската пинг-понг лига

Моќта на пластичното топче, најсофистицираните дрва и гуми, највештите дланки и оваа година напишаа убави страници за нашиот спорт во Република Македонiја. Ние планетарно ја немаме како спорт таа медиумска и финансиска моќ која ја имаат другите спортови, меѓутоа емоциите кои играчите ги влечат токму на пинг понгот и врвните на моменти нестварни, роботизирани потези на светските мајстори ги оставаат гледачите без збор а спортските тв и интернет шпици ги прават неверојатни. И во Mакедонија имаме мајстори на занаетот кои се натпреваруваат во повеќе лиги. Па тука ги набројуваме есенските шампиони како и пласманот на другите клубови:

Во Телеком Супер лигата  есенски првак е Вардар кој го дели првото место со Работнички со ист број поени 13. Следуваат шампиони ФА со 12, Младост со 11 итн.

Во Телеком Првата лига, есенски првак е Телеком НЕЦ со 14 поени пред Кочани, Мултитекс и Пелистер со по 12 поени и тн.