Македонија
21. May 2017 - 16:16

Резолуција на Фуен: Признавање на Македонците во цела Албанија

Признавање на Македонското национално малциство во Голо Брдо, Гора и на целата територија на Република Албанија, а Државната албанска телевизија  да емитува програма на Македонски јазик. Ова се само дел од точките кои ги содржи резолуцијата за правата на Македонците во Албанија, која беше едногласно изгласана од Федералната унија на европските националности, на состанокот кој викендов се одржува во Романија.  

Од Македонското друштво “Илинден” од Тирана велат дека резолуцијата ќе биде доставена до владата на Република Албанија и сите релевантни европски институции. Тие бараат албанската влада да ја потпише и ратификува Европската повелба на Советот на Европа “за регионални и малцински јазици”.

-Учење на мајчин Македонски јазик во државните школи во областа Голо Брдо и Гора како и на цела тертиорија на Република Албанија каде има значен број на Македонско Национално Малциство.

– Во сите општини каде има повеќе од 20% македонско национално малцинство, покрај албанскиот, официјален да биде и македонскиот јазик. Владата да го гарантира правото на користењето на мајчиниот јазик на  македонското национално малцинство.

– Финансиска поддршка од Министерството за култура за културни и образовани активности за македонско национално малцинство во Република Албанија, се останатите три точки кои ги содржи ррезолуцијата.

На Конгресот присуствувале над 300 претставници од 50 асоцијации, кои претставувале повеќе од 30 малцинства од исто толку земји во Европа.