Македонија
22. April 2017 - 12:19

Режимот милостив кон младиот пратеник: Стефан Богоев стекнал имот од 178 илјади евра во време на диктатура

На младиот пратеник на СДСМ Стефан Богоев, исто како и на неговиот постар колега Петре Шилегов, совршено му се погоди „режимот“ на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Република.

Во десетте години диктатура, семејството на дипломираниот економист спечалило куќа во Скопје, земјоделско земјиште во Скопје, стан во Охрид и четири моторни возила. На свое име Богоев поседува еден од автомобилите, „априлија скарабео“ во вредност од 80.000 денари. Другиот имот е на име на неговите родители.

Пријавениот имот на карпошанецот Стефан Богоев, кој во 2013 година беше избран за лидер на младите социјалдемократи, стекнат во време на режим вреди 10.920.000 денари, односно околу 178 илјади евра.

stefan-bogoev