Технологија
10. January 2017 - 21:31

Револуционерни ланци за снег како спас за тешките зимски услови

Ротогрип е интересен систем кој се монтира под возилото покрај самото тркало, со кое се намалува можноста за пролизгување. Студениот бран можеби не е причина за ставање на ланци на погонските тркала, но снежните наноси будат интерес за ваква иновација.

Ротогрип ја зголемува тракцијата за 45%, но недостаток е тоа што се користи во прилика на помали брзини на движење, што во такви услови е и нормално.

Ротогрип ротира повеќе ланци непосредно на подлогата на која се движи возилото, при што возилото всушност наместо да има контакт со подлогата поминува преку ротационите ланци, а со тоа прави додатна сигурност.

Како стварно функционира системот, погледнете во видеото: