-->
-->
Револуција во тенисот - турнир без линиски суди
-->
Во тенискиот спорт се најавува револуционерна промена, односно одигрување на натпревари без линиски судии.
Како што најави Дејвид Гејл Бредшо, потпретседателот задолжен за правила и натпревраување при АТП (Светската тениска асоциација), на турнирот во Милано на кој ќе настапат најдобрите светски млади играчи насловен како „следна генерација“, за прв пат наместо линиските судии целосно ќе се користи технологијата „соколово око“.
На мечевите на овој турнир ќе има само главен судија.
Неговите асистенти (линиски судии) ќе бидат целосно заменети со системот „јастребово око“, кој ќе функционира во реално време. Тоа значи дека тенисерите наместо како досега во спорна ситуација да бараат „челенџ“, системот веднаш ќе ја носи одлуката дали топчето е во поле или во аут, а одлуката ќе биде емитувана на видео бим или голем екран.
-Ова би можело да биде историски момент за судење во нашиот спорт. Технологијата засега е во тест период, а ќе видиме како тоа ќе функционира на правиот турнир. Ќе го следиме процесот, трудејќи се да да ги подобриме недостатоците, доколку ги има, изјави Бредшо.
Турнирот во Милано ќе се одржи од 7 до 11 ноември, досега од по познатите тенисери само Александар Зверев го има обезбедено своето учество.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок