Loading Video...
Спорт плус
6. March 2018 - 16:39

Ревија на таленти на државното првенство во пинг-понг

Во историјата на државните првенства на Македонија се испишани светли страници кои промовираа многу таленти.

Без разлика кој, што и кога освоил, секое првенство во својата суштина најавуваше асови кои пинг понгот во Македонија иако понекогаш далеку од новинарските сфери, го правеа атракција, свое спортско шоу кое тие што го доживеале им останало во трајно сеќавање, И оваа година на државното првенство во Штип доминираа најдобрите и во форматот на натпреварувањето демонстрираа врвен пинг понг, кој не ги остави рамнодушни присутни.

Во машка конкуренција по 8 пат во стил на голем шампион и овој пат Кристијан Станојковски од ППК Вардар ги спинуваше сите и се потврди како суеверен господар на тронот во нашиот пинг понг.

Томовски од Германија дојде, серизоно подготвен и буквално се прошета до финалето, неговиот ангажман, персонална спрема и шаренолика игра укажуваат дека се работи за перспективен играч чии домети се далеку над републичките.

Мажи:
1. Кристијан Станојковски
2. Христијан Томоски
3. Филип Младеновски
 
Амелија Уце во сингл само ја потврди својата позиција во женскиот пинг понг и стана предизвик за многу девојки кои и во иднина ќе мора доста да работат за да ја симнат од највисоката позиција.
Жени:
1. Амелија Уце
2. Биљана Младенова
3. Дијана Ристовска
Исто така дубл играта имаше занимливи дуели, отворени фронтови и лавовски борби.
Шампиони во машки двојки се: Станојковски и Апостоловски, а во мешани двојки најдобри во нашата земја се Станојковски и Уце. Во женски двојки најдобри беа Младенова и Ристевска, кои извојуваа победа во сите свои мечеви.
 
Се на се едно одлично првенство кое треба да биде потик секоја следна година да биде уште подобро и конечно во концептот на развојот на пинг понгот во нашата држава да се слеваат повеќе финансиски средства како главен предуслов целиот спортски капацитет кој го носат нашите натпреварувачи да ја добијат потребната професионална висина и најдобрите секогаш да бидат конкурентни на силните натпреварувања надвор од државата.