Фудбал
12. January 2016 - 18:52

Реванш осминафинални дуели во Купот на Шпанија

 
 
 Во фудбалскиот Куп на Шпанија, вечерва ќе бидат одиграни првите два реванш натпревари од осминафиналето.
 
Двата дуели ќе започнат во терминот од 20 часот и 30 минути. Понеизвесен се очекува да биде мечот меѓу Виљареал и Атлетик Билбао во кој гостите ќе стартуваат со предност од 3:2 остварена на првиот меч. Затоа пак во Виго домашниот тим на Селта ќе има огромна предност против Кадиз кого го совлада со 3:0 во првиот дуел.
 
Преостанатите реванш дуелот од осминафиналето на „Копа дел Реј’’ ќе се играат утре и задутре, а двојките се: 
Среда 
Виљареал - Атлетик Билбао (2:3 прв натпревар), 
Селта Виго – Кадиз (3:0), 
Лас Палмас – Еибар (3:2), 
Еспањол – Барселона (1:4), 
Четврток 
Гранада - Валенсија (0:4) и 
Атлетико Мадрид - Рајо Ваљекано (1:1).