Македонија
25. July 2016 - 16:28

Решенија за проблемите на жителите во Радожда

Рестартирањето на кампот Ливадиште и асфалтирањето на патот се дел од решените проблеми во Радожда. Според жителите бенефит ќе има цело село, но и туристите кои го посетуваат ова населено место на струшкото крајбрежје.

Вчерашната посета на лидерот на ВМРО ДПМНЕ жителите на Радожда ја искористија да побараат асфалтирање и на останатите околу 500 метри од патот.

Жителите од ова струшко село како приоритет побараа решавање и на проблемот со фекалната канализација.

Груевски им одговори дека е запознат со проблемот и се бараат начини за решавање на истиот.

На средбата стана збор и за туризмот. Жителите потенцираа дека од година во година се зголемува бројот на посетители на оваа место во струшко.

Груевски на жителите на Радожда им најави дека наредниот периот ќе следат сериозни инвестиции од страна на ЕЛЕМ во кампот Ливадиште за што се изработува идејно решение.

За барањето за промена на столаријата и кровот на училиштето,  Груевски рече дека ќе биде ставено во списокот на образовни институции на кои им  е потребна реконструкција

Како проблем во ова населено место беше посочено и донесувањето на Деталниот урбанистички план.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски со посетата на Радожда ја заокружи неколку дневната агенда во охриско –струшкиот регион, каде заедно со  министри и функционери од владејачката партија промовираа неколку проекти за подобрување на животот во овој дел од Македонија, и лично ги слушнаа проблемите на граѓаните.