Живот
23. March 2018 - 17:51

Решена мистеријата на скелетот на вонземјанинот: Откриено што било мистериозното суштество

Мумифицираниот скелет е откриен во пустината Атакама во Чиле пред 15 години и не изгледа како нешто што досега сме го виделе. Всушност некои би рекле дека изгледа како вонземјанин.

Висината на скелетот е само 15 см, но според проценките станува збор за дете на возраст од 6 до 8 години.

Долгиот, заоблен череп, косите очи и помалиот број ребра - само 10 парови, а не нормалните 12 - само ги продлабочија сомневањата.

Прашањата околу откритието доведоа до шпекулации дека тоа бил претходно неидентификуван примат или дури вселенски облик на живот.

Скелетот, наречен Ата, бил прикажан во ТВ емисиите и документарецот „Сириус“, во кој истражувач на НЛО се обидува да го открие потеклото на Ата.

Сега, авторите на студиите засновани на петгодишна анализа тврдат: „Ата е човек, но со повеќе мутации поврзани со болести на коските“.

Всушност, истражувачите веруваат дека нивното откритие би можело да им помогне во дијагноза на случаите засновани на генетските мутации за живи пациенти.