Бизнис
13. November 2015 - 20:52

Ресен, Корча и Пустец потпишаа Меморандум за економска соработка

Економско поврзување, забрзан проток на стоки, луѓе и капитал, заеднички туристички проекти и заедничка продажба на јаболка на странски пазари, се основните претпоставки, што треба да произлезат од заедничката соработка на општините Ресен, Пустец и Корча.

Прекуграничната соработка на трите општини, ќе ги отвори вратите  на европските фондови, преку реализација на заеднички проекти, се надеваат градоначалниците на Пустец и Корча

На свеченото потпишување на Меморандумот присуствуваа и бизнис делегации од македонска и албанска страна кои во иднина треба да формираат мешовити економски комисии кои ќе ја регулираат и спроведуваат економската соработка меѓу Ресен, Корча и Пустец.