Македонија
10. November 2016 - 12:45

РЕПУБЛИКА: Заев не му честита на Трамп – за премиер е потребна големина, а не ситна душа нажалена

Изборите во САД, иако не нѐ засегаат, се одржаа во пресрет на изборите во Македонија и се совршен показател за политичката зрелост на луѓето кои за точно еден месец од денеска ќе треба да му погледнат во очи на народот и да ја добијат неговата доверба. Оној кој ќе изгуби, ќе треба да подаде рака, да честита, и да ја поддржи државната политика. Секако, има право да жали, да ги преиспита своите постапки, политиката што ја застапува, луѓето со кои соработува. Како што, впрочем, се случува во демократските општества, анализира РЕПУБЛИКА.
 
На изборите во САД, Доналд Трамп ја доби довербата на народот. Иако откако преспа, тоа го призна и Хилари Клинтон. Му честита и демократот, претседателот во заминуање Барак Обама, му честитаа многу светски државници, премиери.
 
Во честитките се придружија и нашите, локални, државници, политичари на одговорни функции.
 
Премиерот на Албанија, Еди Рама, со жалење напиша на Фејсбук дека големата пријателка на Албанија, Косово и на сите Албанци, Хилари Клинтон, не победи на изборите.
 
-Нејзиниот противник Доналд Трамп стана 45. претседател на САД – пишува Рама.
 
Тој, сепак, му ја честиташе победата на Трамп и посака успех на сите пријатели и партнери во САД.
 
-Уверен сум дека нашиот стратешки однос со САД ќе продолжи да јакне во поглед на зедничките вредности и интереси. Албанија е пријател и сојузник на амерканската влада – истакна Рама.
 
-Но, на изборите пред изборите СДСМ не покажа државнички капацитет. Ужалениот Зоран Заев од Муртино и разочараната Радмила Шеќеринска покажаа дека немаат капацитет за водење држава, а уште помалку за надминување на личната малодушност и да честитаат победа на политички опонент, дури и од позиција на навивачи, симпатизери. Заев, кој се токми за премиерското столче, Шеќеринска, или кој било од СДСМ, поужалени и од самиот Бил Клинтон, очекуваат народот да им ја довери државата за да ја резилат во евроатлантските процеси, општо во меѓународната политика, а притоа без да ја напуштат паланката. Нивното малограѓанско, ниско и простачко онесување треба да биде репрезент на нашата држава и да ни обезбеди меѓународна афирмација и светска почит. За премиер е потребна големина – и човечка и државничка, а не ситна душичка нажалена, пишува РЕПУБЛИКА.