Македонија
23. April 2017 - 16:53

Република: СЈО вработува деца на врховни судии

Специјалното јавно обвинителство за полесно туркање на предметите, финансиски ангажира деца на актуелни судии, пишува „Република“.

Тврдењето го поткрепува со видео снимка на која се гледа како од зградата на СЈО излегува синот на доскорешната претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

Според „Република“, скандалозно е што Неделкова треба да одлу‘ува за два предмети на кои постапувал нејзиниот син а за тоа нема пријавено судир на интереси.

Уште неколку деца на актуелни судии се ангажирани од страна на Катица Јанева и земаат дебели хонорари од СЈО. Засега непотврдени информации велат дека во СЈО е згрижена ќерката на уште еден врховен судија, а освен неа и синовите на уште двајца судии од Апелацискиот суд во Гостивар, наведува „Република“ во својот текст.

Дека има непотизам во вработувањата на СЈО откри и првиот човек на специјалното обвинителство..

Освен непотизмот кој зема замав во Специјалното јавно обвинителство, според „Република“, загрижува и неконтролираното делење вртоглави суми на хонорари кои си ги делат обвинителите за наводни дополнителни ангажмани за кои порталот пишува дека нема информации за какви работни обврски станува збор..

Инаку „Република“ потсетува дека според пишувањата на медиумите, платите на специјалните јавни обвинители се движат од 2.500 до 3.000 евра.