Македонија
26. April 2016 - 16:24

Република: Мега скандал - Заев создава криза и фатен како договарал федерализација на Македонија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев фатен на дело како договара федерализација на Македонија, анализира Република.

Според неделникот, кризата во која Заев ја втурна Македонија има за цел да ја ослаби државата, да ги девалвира институциите и да го разјаде последниот бедем со што би се поткопала унитарноста на земјата која би се поделила на федерални единици.

Ова се потврдува со средбата на Заев со претседателот на Албанската Дијаспора на Македонија, Муса ЉамАлари кој пред две недели го посети седиштето на СДСМ.

Веднаш по средбата ЉамАлари ја разоткри суштината на средбата. Ја потврди својата заложба, и заложбата на Албанската Дијаспора за федерализација на Македонија и потврди дека неговата организација во координација со Албанските движења во Македонија одлучила да ги потикне албанските партии и ветерани на УЧК да учествуваат на протестите на СДСМ.На протестите на албанците, на кои според Република присуствувале и радикални исламисти, беа ставени албански симболи на спомениците на АСНОМ и на останатите спомен обележја кои се симбол на македонската државност.

Дека целата операција е координирана со албанскиот радикален фактор, според Република, говори и тоа што Заев на Косовската Телевизија најавуваше учење на албански јазик на територија на цела Македонија. Но потенцираше и дека неговата партија не е патриотска.Со слично барање како и Албанската дијаспора претходно излегуваше и Љубомир Фрчкоски од СДСМ, кој побара ротација на премиерското столче.Идејата за федерализација ја разгледуваше и уредникот на опозициското гласило Слободен Печат, Бранко Героски, кој во колумна насловена “Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не?“ ги истакна заложбите за формирање на паралелни федерални македонско-албански институции.

Според “Република“ сценариото уште повеќе се разобличува и затоа што протестите на СДСМ и СОРОС имаат константна подршка од албански националисти, но и затоа што Заев веднаш по кумановските настани отиде да се слика со подржувачите на терористите од Диво Насеље.

Токму тоа е целта на ослабената Македонија од кризата на Заев. Освен албанскиот елемент на порта се тенденциите и за промена на името. Не е случајно тоа што многу грчки националисти и медиуми ги поддржуваат Заев и СДСМ, пишува Република.