Македонија
28. April 2017 - 16:42

Република: Црните сценарија се обзнанија - СДСМ и Албанците извршија државен удар во три чекори

Се обзнанија црните сценарија на СДСМ и Албанците за државен удар во три чекори, пишува порталот Република. Во текстот наведува дека насилно и спротивно од вољата на народот е избран претседател на Собранието. Според интернет страницата, првиот чекор за реализирање на државниот удар е барањето за кршење на собранискиот деловник односно наместо да се исцрпи листата на пријавени за збор, да се премине на следната точка за избор на претседател на Собранието. По ова со своја варијанта излезе универзитетскиот професор и експонент на Сорос, Мерсел Биљали кој порача дека новото мнозинство треба да размисли само да избере претседател во било кои простории надвор од Собранието. Според Република, ова упатство го искористи Заев како прв чекор во реализацијата на државниот удар. Тој и вчера од собраниската говорница изјави дека Претседател на Собранието ќе се избере во салата Македонија или некоја друга собраниска просторија. Истиот став потоа го искажа и во прес – центарот каде реторички запраша што има лошо во спроведувањето на Тиранската платформа..

Според текстот на „Република“, вториот чекор до реализацијата на државниот удар е насилна узурпација на столчето на претседавачот Трајко Вељановски преку создавање тепачка а како увертира да се искористи интонирањето на албанската химна. Така на крајот од работниот ден меѓу собраниските клупи СДСМ заедно со потписниците на Тиранската платформа незаконски избраа претседател на собранието иако ниту се броеа гласовите ниту некој утврди колкумина од пратениците гласале пишува Република. Во својот текст наведува дека во текот на незаконската процедура, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја пееа македонската химна и скандираа дека во Собранието се врши Пуч.

Во последниот чекор за спроведување на Државниот удар, според Република, било активирање на криминалното подземје со крајна цел да дојде до судир со граѓаните кои 60 дена ја поддржуваат иницијативата „За Заедничка Македонија„. Токму реализацијата на последниот чекор на патот до државниот удар, го испровоцира народот кој влезе во собранието каде освен неколкумина насилници влезе искрен и еснафски народ, баби, дедовци , возрасни луѓе, пишува Република. Додава дека дополнителна провокација е вадењето на оружје и вперување кон народот од страна на обезбедувањето на СДСМ.

Во текстот на  Република се вели дека моментот за извршување на државниот удар е намерно одбран кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е надвор од државата.