Фудбал
27. March 2017 - 13:56

Репрезентацијата до 21 година очекува нова победа овојпат над Бугарија

Фудбалската репрезентацијата на Македонија до 21 година ги одработува подготовките за настапот на Европското првенство во Полска. Селекторот на оваа репрезентација Благоја Милевски, за дуелот со Бугарија на располагање ќе ги има и играчите кои се дел од оваа репрезентација, а во петокот беа и на располагање на А тимот.
Милевски за овој дуел нема да може да смета на повредените Кире Маркоски и Енис Барди.
 
- Среќен сум што сум дел од оваа селекција и навистина има одлична атмосфера. За мене ова ќе биде втор натпревар и најважно ми е добро да се воиф=грам со соиграчите, истакна играчот на Грасхоперс и член на репрезентацијата на Македонија Никола Ѓорѓев.
Играчот на средината на теренот Тихомир Костадинов беше еден од носителите на играта на дуелот во петокот со Црна Гора, а очекува и настап на утрешниот натпревар.
- Црна Гора беше добар тест за новата генерација и добро е што постигнавме позитивен резултат. Знам дека сме фаворити против Бугарија. Затоа нема да има опуштање и ќе дадеме се од себе за да постигнеме нова победа.
Пријателскиот натпревар Македонија – Бугарија почнува во 14 часот и се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
 
Директен пренос од дуелот можете да следите на програмата на СИТЕЛ 3.