Фудбал
21. May 2016 - 19:30

Репрезентацијата до 21 година ги почна подготовктие за дуелот со Украина

Репрезентативците денеска го имаа првиот собир и тренинг, а ќе тренираат секој ден до заминувањето за Украина. Македонија во групата се наоѓа на третото место зад Франција и Исланд, а Украина е на 5.место во групата.

Сепак селекторот Благоја Милевски истакнува дека Украина има квалитетен тим и дека нашите играчи треба да бидат внимателни.

Нови имиња во селекцијата се Ељиф Елмаз од Работнички и фудбалерот на Силекс, Кристијан Филиповски.

На првиот натпревар одигран во Скопје Македонија победи со 1-0.