Реновирано одделение на Невропсихијатриската болница „Негорци“
Во Невропсихијатриската болница „Негорци“ кај Гевгелија, денеска свечено беше отворено и предадено во употреба реновираното, целосно опремено одделение за пациенти со изречена мерка за безбедност, кои претставуваат посебна група со застапеност од 15 отсто во однос на останатите 85 отсто пациенти на задолжително лекување во психијатриската болница.
Во своето обраќање пред присутните директорот д-р Петар Кангов нагласи дека од своето основање болницата посветува посебно внимание на следење на најновите трендови во психијатријата за примена на посовремени методи во третманот на сите пациенти, како и за подобрување на условите за престој при медицинскиот третман.
- Реновирањето и опремувањето на одделението во кое ќе бидат сместени пациентите со изречена мерка за безбедност чини вкупно 14 милиони денари што ги издвоивме од буџетот на НПБ „Негорци“. Одделението се простира на површина од 600 метри квадратни и располага со 13 соби во кои можат да се сместат 38 пациенти, рече д-р Кангов.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација