Македонија
29. May 2016 - 9:26

Реновирани просториите на младинскиот центар МултиКулти

Центарот за интеркултурен дијалог денеска во Куманово свечено ќе го отвори реновираниот младински центар МултиКулти, со кој ќе се овозможи подобар простор за интеркултурно учење на младите.

Во рамки на отворањето, МултиКулти ќе се вклучи во прославувањето на Global Bubble Day или Меѓународниот ден на водени меури, кој има за цел да шири позитивна енергија и да ги направи луѓето среќни. Оваа парада ќе се случи во 70 градови насекаде во светот, а MultiКулти стана дел од официјалната светска организациска група.

Самиот настан Светскиот Bubble Day е предвиден да трае два часа, од 12 до 14 часот.

- За време на настанот ќе биде презентиран новиот изглед на МултиКулти со реновираните простории, ќе се промовираат идните проекти и работилници на центарот во рамките на проектот MultiКулти Local Youth Serviceподдржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и преку многу интерактивни активности младите ќе можат да се запознаат со нашиот начин на работа и вредностите кои ги шириме, инфоримираат од Центарот.

Во последниве два месеца, како дел од овој проект средношколците од сите средни училишта во Куманово имаат можност да присуствуваат на работилници на теми: театар, фотографија, интерес и кариера и уметност од рециклирачки материјали. Сите работилници се двојазични (на македонски и албански) и ги коритат методите на неформалното образование.