Свет
19. February 2016 - 9:01

Ренци до земјите од Источна Европа: Нема бегалци, нема пари

Италијанскиот премиер Матео Ренци ги предупреди лидерите на источноевропските држави, дека ако не помагаат во кризата со бегалците, можат да добијат помалку средства од ЕУ за развој. Toj тоа го изјави пред учесниците на средбата на високо ниво на ЕУ во Брисел, пренесе БТА.

Унгарија, Полска, Словачка и Чешка се меѓу најцврстите противници на плановите на ЕУ за префрлување на бегалците од Јужна Европа во останатите земји од Унијата.

- Миграциската криза е заеднички проблем за сите земји од ЕУ. Ако вие не покажете солидарност, земјите, кои внесуваат најмногу во буџетот на ЕУ, може да покажат помалку солидарност кон вас, изјавил Ренци пред своите колеги на вечерата во Брисел.

Италијанскиот премиер им се закани на источноевропските држави со намалување на средствата за развој, кои се одделуваат за нивните најсиромашни региони.