-->
-->
Рели Дакар: Тежок удар во публиката
-->
На самиот почетокот од славното рели Дакар се случи тешка сообраќајна несреќа којашто ја предизвика кинеската натпреварувачка на ова рели Гуо Меилинг, инаку успешна претприемачка.
Меилинг по само изминати 6,5 километри излета од патеката во своето возило „Mini X-Raid“, и притоа покоси десет гледачи. Тројца од нив се во критична состојба, додека другите меѓу кои и малолетници и бремена жена, минаа со полесни повреди. Во многу тешка состојба се татко и неговиот 14-годишен син, кои итно со хеликоптер биле пренесени во болница.
Инцидентот се случи на ткн „пролог“ од „Дакар 2016“ кој започна од аргентинската престолнина Буенос Аирес. Кинеската возачка излета преку заштитната ограда и влета во масата гледачи крај патеката.
Воведната етапа, или пролог, долга 11 километри, во конкуренција на автомобилисти му припадна на Холанѓанецот Вернхард Тен Бринке во „Тојота“, додека деветкратниот светски првак во рели, Францусинот Себастијан Леб на „Пежо“ беше десетти со 9 секунди заостанување.
Познатата трка беше преместена од Африка во Јужна Америка во 2009 година, а во 2008 година првпат беше откажано одржувањето поради закани за терористички напади од Ал Каеда.
Учесниците на годинешното рели Дакар, кое се одржува овојпат во Аргентина и Боливија, ќе минат 9.0000 километри, а трката завршува на 16-ти јануари во Розарио. Трката ја започнаа 350 возила, од кои 55 спортски теренци, а другите во категориите автомобили, мотоцикли, квадроцикли, прилагодени товарни возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација