Спорт плус
14. January 2016 - 17:55

Рели Дакар: Шпанецот Саинц се откажа

Возачот на Пежо, Стефан Петерхансел, ја презеде лидерската позиција на релито Дакар, откако неговиот тимски колега, Карлос Саинс, се откажа од релито поради механички проблеми со своето возило.
 
Саинс, кој во 2010 година победи на најпознатото светско рели, само ден претходно ја презеде лидерската позиција во генералниот пласман. Шпанецот и Петерхансел профитираа од грешката на Себастијан Леб кој во својот дебитански настап остана без шанси за победа на релито Дакар.
 
Саинс се откажа од релито поради проблеми со менувачот, по што Петерхансел рутински ја презеде лидерската позиција со речиси еден час предност во однос на Насер Ал-Атијах.