Македонија
24. January 2016 - 9:19

Рекордно ниски температури утрово во Македонија

Ведрото време рано утринава беше добар предуслов за ниски температури.
 
Берово повторно беше најстудено во земјава, а постудено и во однос на мерењата на истото место претходните денови. Денешниот минимум беше -21,8°С на мерното место на УХМР во Берово.
 
Од утре се очекува да „попушти“ студот во утринските часови.