Балкан
28. September 2015 - 15:26

Рекордна туристичка сезона за Грција

Со 15,5 милијарди евра приходи и рекорден број од 26 милиони туристи, се очекува да заврши туристичката 2015 година за Грција. Тоа го објави Елена Кундура, заменик министер одговорен за туризмот.

Таа додаде дека државата е меѓу десетте водечки туристички светски дестинации.

– Туризмот е столб на економскиот развој и на социјалната кохезија на Грција. Туристичкиот сектор е околу 20 отсто од БДП на државата и обезбедува еден милион работни места, додаде Кундура.