Бизнис
24. August 2016 - 20:40

Рекорден број патници на македонските аеродроми - раст од 22,5%

Рекорден бројот на патници на македонските аеродроми. Во првата половина од годината превезени се над милион патници што е зголемување од 22,5% споредено со истиот период лани.

Од јануари до јули услугите на скопскиот аеродром ги искористиле 933 илјади патници што е раст за 20,4%, додека охридскиот имал над 75 илјади патници што е пораст од близу 56%.

Ресорниот министер Мисајловски очекува трендот да продолжи со оглед на субвенциите за авиолинии, како и зголемениот број на туристички посети за кои државата исто така дава финансиска поддршка.

Најчести дестинации според бројот на патници за овој период се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт.

Во следните месеци се очекува воспоставување на две нови линии, меѓу Скопје и Доха и Скопје и Хановер.