Бизнис
22. March 2017 - 10:23

Рекорден број на регистрирани невработени лица во Грција

Агенцијата за вработување (ОАЕД) е во паника бидејќи за првите два месеца од годинава невработеноста во Грција достигнала рекордно ниво, пишува весникот „Та неа“.

Според податоците на агенцијата, во јануари биле регистрирани 1.089 989 невработени лица, а во февруари бројот изнесувал 1.095.866, односно дневно останувале по 255 луѓе без работа.

Зголемување од 10 отсто било забележано и кај отказите од работа. Шест од десет работници биле со „мизерни заработувачки“. Над 1,2 милиони вработени добивале плати со задоцнување од три до 12 дена.