Свет
5. November 2015 - 18:25

Рекорден број на баратели на азил во Германија во 2015

Германските власти регистрирале околу 760 илјади баратели на азил до крајот на октомври оваа година што претставува најголем број во историјата на земјата. Според претставници на федералното министерство за внатрешни работи на Германија најголем дел од барателите на азил доаѓаат од Сирија, одоносно секој трет азилант доаѓа од подрачјата каде се водат битки меѓу Исламската држава и режимот на Асад.

Само во Октомври во земјата влегле над 180 илјади мигранти со што беше урнат рекордот од Септември кога во Германија биле регистрирани 163 илјади азиланти. Според анализите на службите за миграција и за безбедност до крајот на Декември најбогатата земја во ЕУ ќе прими над еден милион луѓе.

Најголем дел од азилантите доаѓаат од Сирија, Ирак и Авганистан а бројот на мигранти од Балканот е значително намален во Октомври откако владата во Берлин донесе закони со кои економските мигранти од Балканот кои достигнуваа 40 отсто од сите азиланти ќе бидат депортирани по скратена постапка