Македонија
8. March 2017 - 11:37

Реконструирана улицата „Орце Николов” во Демир Капија

Заврши реконструкцијата на улицата “Орце Николов” во Демир Капија, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при демиркаписката општина. Појаснија дека реконструкцијата опфати тампонирање, поставување бетонски ивичници и асфалтирање на коловозот.

- Јавното комунално претпријатие „Бошава” претходно изврши поврзување на водоводната мрежа со новиот водовод, со цел поквалитетно снабдување на населението со вода за пиење. Покрај ова, на дел од улицата се постави и атмосферска канализација, соопштиjа од Службата за информирање при локалната самоуправа.

Оттаму наглсија дека продолжуваат инвестициските зафати од областа на комуналната сфера во општината.