Македонија
15. January 2016 - 16:53

Реконструирана Спомен - костурницата во Велес

Заврши реконструкцијата на велешката Спомен - костурница. Објектот доби нова хидроизолација, уредена е внатрешноста, саниран е мозаикот. Обновата на Спомен - костурницата ја финансираше Министерството за култура.

По завршување на реконструкцијата, во соработка со локалните власти ќе се уредува и просторот околу Спомен - костурницата.

Од Министерството за култура велат дека оваа години во Велес ќе се реализираат и проектите за конзервација на фрескоживпоисот во црквата Свети Пантелјмон и обнова на фасадите во комплексот куќи на Варналиите.