Свет
27. February 2017 - 10:39

Рејтингот на Трамп на рекордно ниско ниво

Помалку од половина Американци сметаат дека новиот американски претседател Доналд Трамп добро ја извршува неговата работа, покажува најновата анкета на дневникот „Волстрит журнал“. 

Според истражувањето што е спроведено во периодот од 18 до 22 февруари, а објавено вчера, 44 проценти од испитаниците го одобруваат начинот на кој Трамп раководи со земјата, 48 отсто не го одобруваат, додека осум проценти немаат определно мислење.

Исто така, 32 проценти од испитаниците наведоа дека во првиот месец од управувањето се покажало дека претседателот Трамп не е „зрел за да ја извршува функцијата“, јави „Гласот на Америка“.

Трамп е единствен претседател во современата историја на САД кој го започнал мандатот со негативен рејтинг - минус четири.