Македонија
23. October 2016 - 16:20

Рејмонд Танер во „THE HILL“ со пофалби за програмата на Груевски

Моќта на малите земји, зошто една земја како Македонија е од интерес за САД? Со ова прашање реномираниот професор Рејмонд Тантер ја почнува својата колумна во викенд изданието на влијателниот американски весник „The Hill“, во која анализира дека помалите европски земји како Македонија и Словенија превземаат активности кои поголемите држави ниту ги иницираат.   

Во овој контекс професорот Тантер ги анализира и неодамнешните посети на лидерот на владејачката партија на Вашингтон и Берлин, каде Груевски се сретна со видни дипломати, лидери и експерти. Тантер пишува дека преку долгогодишното политичко искуство Груевски знае дека до успех се доаѓа само со копромис и соработка со лидерите од целиот свет.

Некои од достигнувањата на премиерот Никола Груевски во последните неколку години покажуваат како тој почна да ја создава меѓународната положба на Македонија. За време на неговиот мандат како премиер, Груевски ја стимулираше економијата со што ја направи Македонија привлечна бизнис средина за странски директни инвестиции.

Македонската влада инвестираше во инфраструктурата и разви слободни економски зони со што и покажа на меѓународната заедница дека е земја која е  отворена за бизнис. Како резултат на овие владини активности, Македонија стана популарна локација за странски директни инвестиции, пишува професорот Тантер.

Во својата колумна тој посочува дека помеѓу 2009 и 2014 та во Македонија странските компании инвестирале 1,72 милијарди долари и оттогаш меѓународниот интерес за Македонија постојано расте.

Како што Македонија се движи напред кон новата година и новата глобална средина, земјата и нејзиното раководство треба да продолжат со динамика која што е развиена во изминатата деценија. Со продолжување по патот кон  економскиот раст, зацврстувањето на својата репутација како центар за странски директни инвестиции, како и преземањето на  силна водечка позиција во регионот, Македонија и Никола Груевски ја демонстрираат вредноста на Република Македонија и моќта во светот. Време на Македонија е сега, пишува Тантер и заклучува дека истото може да се каже и за другите мали земји како Словенија.

Рејмонд Тантер е професор во пензија на Универзитетот во Мичиген и поранешен висок член на Националната совет за безбедност во администрацијата на Реган и Буш. Тој е професор на Институтот во Вашингтон кој работи на истражување на опциите на политиката на САД кон Иран.